Бугарскиот претседател стави вето на антикорупцискиот закон
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска стави вето на антикорупцискиот закон што беше усвоен во декември од страна на Народното собрание на Бугарија.
- Сметам дека законот што беше усвоен не само што нема да воспостави адекватна правна основа за борба против корупцијата, туку дури ќе ја направи таа борба потешка, се вели во соопштението на Кабинетот на Радев.
Законот меѓу останатото предвидува и одземање на незаконски стекнат имот.
Радев смета дека законот е спорен, не само со тоа што ги прекршува уставните принципи, туку и со неговата целина.
Како што јави МИА, Радев беше избран за претседател на Бугарија на изборите во ноември 2016 година, на кои настапи како независен кандидат, поддржан од опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП).
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест