Бугарскиот претседател денеска го врачува првиот мандат за состав на новата влада
Бугарскиот претседател, Румен Радев, денеска ќе го врачи првиот истражувачки мандат за формирање влада, јави дописникот на МИА од Софија.
Тоа претпладнево ќе го стори во претседателската администрација.
Победниците на предвремените парламентарни избори во Бугарија – ГЕРБ-СДС имаат право први да се обидат да формираат влада. Радев пред неколку дена коментираше дека се надева оти на најдобар начин е искористено дополнителното време од два месеци што им го даде на бугарските парламентарни партии за консултации меѓу нив. Засега не се знае кој ќе биде кандидатот на ГЕРБ за премиер на Бугарија и дали таа ќе биде партиска или експертска.
ГЕРБ-СДС ја испрати својата програма за управување до другите парламентарни партии застапени во 48. Народно собрание, со надеж дека ќе добијат поддршка за неа. Според медиумите во Софија, во моментов шансите за формирање нова бугарска Влада не изгледаат големи со оглед на најавената намера за „Промените продолжуваат“, БСП и „Демократска Бугарија“ да не учествуваат во влада со поранешните владетели. на ГЕРБ и СДС, откако прифатија враќање на хартиеното гласачко ливче.
Доколку ГЕРБ-СДС не добие поддршка за парламентарна коалиција во Народното собрание на Бугарија, мандатот мора да му го врати на претседателот Радев во рок од една недела.
Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, потоа претседателот на Бугарија вториот мандат ќе и го брачи на втората по големина партија „Промените продолжуваат“ и доколку не успее да формира влада, и таа ќе мора да го врати мандатот на крајот од следните седум дена, како што е напишано во Уставот.
Третиот мандат кој Радев мора да го предаде е на партија или коалиција на 48. Народно собрание по негов избор. А ако и таа не успее да формира мнозинство, за да владее, тогаш тој ќе мора да го распушти бугарскиот Парламент и да донесе декрет за одредување датум за предвремени парламентарни избори и за именување на преодна влада која ќе го организира одржувањето на изборите во три месеца.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова утре ќе го почне претседателскиот мандат со свечена изјава во Собранието
-
Честитка до Мицкоски од МД „Илинден" и Македонците во Албанија, за двојната победа на изборите
-
Силјановска Давкова: Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието се формално финале на изборите
-
Приведени двајца кумановци за поседување дрога
-
Променливо време со повремен дожд и во наредните денови
-
Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот
-
Српско МВР: Се утврдуваат фактите и околностите под кои во полицијата починал Д.Д. осомничен за случајот со Данка И.
-
Гордана Сиљановска Давкова го доби Уверението од ДИК за претседател на државата