-->
-->
Бугарите подготвуваат спектакл со ѕвездите од 1994 година
-->
Христо Стоичков, Красимир Балаков, Љубомир Пенев и останатите ѕвезди на бугарската репрезентација која на Светското првенство во САД во 1994 година стигна до полуфиналето, повторно ќе играат заедно.
Иако уште е во рамките на неофицијалното, некои бугарски медиуми најавуваат дека на 26 септември во градот Крџали ќе се одигра пријателски меч помеѓу ѕвездите на Бугарија од 1994 против турските ѕвезди кои освоија бронза на Мундијалот во 2002 во Јужна Кореја и Јапонија.
Билетите за овој спектакл на кој ќе играат многу незаборавни фудбалери кои ги израдуваа своите нации во последните 25 години, ќе бидат по цена од само 3 до 7 лева.
Секако ќе биде и емотивно, бидејќи има и фудбалери кои веќе не се меѓу живите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата