Балкан
15. January 2024 - 16:31

Бугарија ќе бара Бугари и меѓу Горанците во Косово

По испорачување на барања за Македонија и Албанија, официјална Софија сега бара признавање на бугарско малцинство и на Косово, алудирајќи на Горанците.  

И Радев и Јотова кои отворено побараа поддршка за нивната агенда од косовските власти, фокусот го ставаат на Горанците кои се самосознаваат како Македонци од исламска вероисповед. Под истата агенда како што ги убедуваа македонците од Мала Преспа, Радев на отворање на бугарска канцеларија во декември, ги повика граѓаните да се изјаснат како бугари на пописот во април, а за тоа ветува голема помош за населението и школување на младите во Бугарија.

Бугарските челници бараат и Бугарите да влезат во Уставот на Косово  и да добијат загарантирано место во Советот на заедниците.

А таму пак никој не се изјаснувал како бугарин во документите. Во изјава за Еуроњуз Србија, професорот Радивоје Младеновиќ од Институтот за српски јазик при САНУ вели дека тие не се чувствуваат како Бугари.

Во Косовскиот дел на Гора живеат околу 25 000 жители во најголемо мнозинство или повеќе од 80 отсто, според тврдењата на Здружението на Македонците од Гора во Албанија се  Македонци со муслиманска вероисповед. Дел од нив имаат и македонско државјанство.