Македонија
23. May 2022 - 16:42

Бугарија испраќа јасни сигнали за продолжување на ветото

Бугарскиот претседател, Руман Радев не прецизира дали ќе го свика Консултативниот совет за национална безбедност за да се разговара за состојбата со преговорите меѓу Бугарија и Македонија, како што побара премиерот Петков. Тој вели дека мора прво да го слушне Петков на темата со Македонија, но сепак останува дециден дека нема да дозволи преговарање и пазарење за македонската интеграција.

Петков од Рим порача дека би бил среќен доколку Радев одговори позитивно на неговиот повик, бидејки во изминатите шест месеци имало различни предлози и обиди на повеќе светски лидери да помогнат во надминување на проблемите.

И Претседателот на бугарското Собрание отворено даде поддршка за предлогот на Петков за потребата по прашањето да одлучува националниот совет за безбедност.  

Мешовитата историска комиисија пак и по неколкуте одржани средби останува без суштински напредок во разговорите. Првиот човек на бугарската историска комисија, Ангел Димитров, проблемот го лоцира кај македонските колеги кои според него не ја прифаќаат заедничката историја.

Според Димитров, историската комисија има задача да надмине некои тврдења во минатото, не поради науката туку поради последиците од неточното толкување. Овие последици, како што вели се поради воспитувањето во Македонија за омразата кон Бугарија и бугарите.