Брнабиќ: Србија ги исполни условите на СЗО за укинување на вонредната состојба
Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека се создадени сите услови за укинување на вонредната состојба воведена во Србија поради пандемијата на новиот коронавирус и порача дека таа не треба да трае „ ниту еден ден подолго од потребното“, јави дописникот на МИА од Белград.
Брнабиќ на седница на Парламентот, на која треба да се усвои предлогот на Владата за укинување на вонредната состојба, истакна дека во Србија повеќе од седум дена има помалку од пет отсто заразени лица со Ковид-19, што е најважниот услов за укинување на вонредната состојба.
Според неа, препораката на Светската здравствена организација (СЗО) е мерките да бидат постепено олеснети кога ќе се исполнат шест услови кои се доставени до Министерството за здравство.
– Доказите покажуваат дека пренесувањето на Ковид-19 е контролирано, што ние го исполнивме повеќе од седум дена. Под два, здравствените системи имаат доволен капацитет да ги идентификуваат, изолираат, тестираат и лекуваат сите случаи, како и да ги следат и да ги сместат сите контакти во карантин, што за среќа е случај во Србија од првиот ден и тоа не е сменето, наведе Брнабиќ.
Таа додаде дека условите на СЗО биле „ризиците од епидемијата да се сведат на минимум во околините со голема ранливост“, да се применуваат превентивни мерки на работните места, како и управувањето со ризикот од увоз или извоз на заразата од заедници со висок ризик.
Ново на Сител
-
Судир на два автомобили и камион со приколка на автопатот „Пријателство“, тешко повредено едно лице
-
Инцидент на Скопскиот аеродром: Србин скршил стакло на заштитна врата, полицијата го уапсила
-
Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за Босна и Херцеговина
-
Вработените во ФЗОM на предупредувачки протест
-
Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон
-
Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот