Болните, старите и изнемоштени лица од југоистокот гласаа во вториот круг од претседателските избори
Во вториот круг од претседателските избори во општините Гевгелија, Валандово, Богданци и Дојран имаше пријавено за гласање 104 лица повеќе во однос на првиот круг, или точно 303 лица, кои денеска го искористија правото на глас.
Најмногу пријавени, или 151 гласач, имаше во Општина Гевгелија. Според ОИК Гевгелија гласачкиот процес поминал во мирна и демократска атмосфера, без пријавени неправилности или било какви проблеми.
Во демократски амбиент и атмосфера, поминало гласањето и во другите општини. Во Валандово од 67 пријавени правото на глас го оствариле 66 болни и стари лица, во Богданци од 63 запишани, гласале 57 лица, а во Општина Дојран своето право на глас го оствариле сите 22 пријавени.
Гласањето сѐ уште се одвива во Меѓуопштинскиот затвор во Гевгелија каде гласачкото место ќе биде затворено во 19 часот.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници