Богдановиќ: Останувам на ставот дека одлуката на Советот на општината беше најисправна
Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ попладнево изјави дека со добиеното мислење од Министерството за транспорт и врски излегува дека тврдењата на општината се неоправдани, но оти како општина ќе се потрудат со сите законски можности што им се на располагање, да ја спроведат политиката што ја наметаа и за другите донесени планови.
– Согласно овие мислења што ги добиваме на некој начин нашите тврдења излегува дека не се оправдани. Нашето мислење го искажавме со елаборати, но во законот пишува дека треба да добиете мислење од Министерството за транспорт и врски. Нормално за ова одлучува донесувачот на планот, а тоа е Советот на општина Центар. Општина Центар ќе се потруди со сите законски можности, колку што може повеќе, да ја спроведува својата политика што ја има наметната и во изминатите донесени планови, рече Богдановиќ во централниот дневник на телевизија „Сител“.
Нагласи дека останува на ставот оти одлуката на Советот на општината била најисправна, но оти овој пат, како што рече, за жал, зависни се од други институции.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден