Бизнис
2. January 2018 - 13:08

Блок 2 во РЕК Битола се враќа во мрежа

По 15-часовен застој поради прекин во помошното напојување, Блок 2 во РЕК Битола се враќа во мрежа, соопшти АД „Електрани на Македонија“.

- По извршениот протокол за утврдување на причината, нејзино отстранување и проверка на сите параметри, во моментов тече рестартирањето на блокот и најдоцна до 13 часот Блок 2 ќе биде приклучен на мрежата на електро-енергетскиот систем на Република Македонија, се наведува во соопштението.

Застојот настана вчера во 19:57 часот, а како што информираат од АД ЕЛЕМ по извршената инспекција утврдено е дека до него дошло поради прекин во помошното напојување и оти не постои поголем технички дефект.