-->
-->
Блинкен за руската војска во Казахстан: Кога Русите се во вашата куќа, тешко е да ги истерате
-->
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изрази загриженост за пристигнувањето на руски војници во Казахстан, нагласувајќи дека тешко ќе се повлечат.
„Лекцијата од поновата историја е дека кога Русите се во вашата куќа, понекогаш е многу тешко да ги истерате“, предупреди државниот секретар на прес-конференција во Вашингтон. Казахстан беше погоден од најжестоките протести откако земјата стекна независност од Советскиот Сојуз во 1991 година, при што загинаа десетици демонстранти. Протестите почнаа во западниот дел на земјата поради наглото поскапување на горивата, но набрзо се проширија и укажаа на пошироко незадоволство од состојбата во земјата, со која иста партија владее од стекнувањето независност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: Денешниот разговор меѓу Путин и Виткоф постигна голем напредок
-
Јаневска: Учениците и родителите да бидат спокојни, учебници ќе има
-
Новата фудалска сезона во Македонија ќе стартува со ВАР системот
-
Сиљановска-Давкова прими претставници на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“
-
Кремљ: Тричасовната средба меѓу Виткоф и Путин беше „корисна и конструктивна“
-
Возило изгоре на паркинг во Велес
-
Контрола на УЈП за фискализацијата, неправилности кај 30 отсто од субјектите, четири затворени
-
Утре сончево со умерена облачност и пораст на дневните температури