Билансот на загинатите во земјотресот во Тајван достигна 36 лица
Билансот на загинатите во силниот земјотрес, кој го погоди Тајван во саботата, достигна 36 лица, соопштија властите.
Над сто лица се уште се водат како исчезнати по урвивањето на 17-катен станбен блок.
Спасувачите продолжуваат да трагаат по преживеани лица, при што нивните напори се насочени кон остатоците од урнатата зграда.
Една жена беше извлечена жива од под урнатините на повеќекатницата повеќе од два дена по силниот земјотрес. Малку подоцна беше спасен и еден маж.
Телата на 34. и 36. жртви, кои се потврдени до моментов се пронајдени под урнатините на таа зграда, а судбината на 116 лица се уште е во неизвесност.
Земјотресот со интензитет од 6,4 степени според Рихтеоровата скала го погоди јужниот дел на островот околу четири часот изутрината во сабота по локално време.
Ново на Сител
-
Нема да има публика на натпреварите од 17. и 18. коло во ПМФЛ
-
Поевтинуваат горивата
-
ЕХФ го казни Пелистер
-
Повеќе од 25 возила меѓу кои трудници и мали деца заглавени во Леуново | ФОТО
-
Фискалниот совет предлага зголемување на старосната година за пензионирање на 67 години
-
Сообраќајот во зимски услови, на Ѓавато магла со видливост од 200 метри
-
До крајот на денов променливо облачно со сончеви периоди, од среда дожд
-
Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева денеска поднесе неотповиклива оставка