БиХ: Парламентот на РС поддржа барања за промени во Уставниот суд
Парламентот на Република Српска синоќа го поддржа планот на лидерите на тој ентитет за блокирање на работата на властите во БиХ се додека не се донесе новиот закон за Уставниот суд. Претставниците на владејачкото мнозинство и опозициските партии со српски знак гласаа на седница во Бања Лука.
Заклучоците предвидуваат дека во рок од два месеца треба да се направи обид да се смени Уставниот суд на БиХ, односно да се отстранат странските судии од неговиот состав. За тоа време српските претставници во телата на власта во БиХ нема да учествуваат во донесување какви било одлуки.
Таквата мерка претходно ја предложија членот на претседателството на БиХ, Милорад Додик и претседателот на РС, Жељка Цвијановиќ, како одговор на пресудата на Уставниот суд на БиХ, со која се заклучи дека земјоделско земјиште што има статус на јавно добро не може да биде во сопственост на ентитетот, туку исклучиво на државата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток