Без струја утре дел од општините Ѓорче Петров, Центар, Аеродром, Карпош и Кисела Вода
Без струја утре од 9 до 12 часот без стуја ќе бидат дел од корисниците од булеварот „Видое Смилевски Бато“ 41, булеварот „АСНОМ“ 42,34 и 38, а од 9 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од село Волково под улицата „95“ и улицата „101“ во општина Ѓорче Петров.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје без електрична енергија од 8:30 до 11:30 часот ќе бидат дел од корисниците на улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и ООУ „Гоце Делчев“, улицата „Градски ѕид“ бр. 34, а од 12 до 15 часот дел од корисниците од улицата „Радњанска“ и дел од улицата „Антоније Грубиши“ во општина Центар.
Без струја од 9 до 14 часот утре ќе бидат и дел од корисниците на улицата „Скупи“ под улици „3а“ и улицата „5а“ во општина Карпош, а од 9 до 13 часот ќе бидат дел од корисниците од улица „Сава Ковачевиќ“ од број 41 до 59 во општина Кисела Вода.
Прекинот со електрична енергија е поради технички зафати во електро-мрежата.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен