Кошарка
26. July 2016 - 15:45

Без македонски екипи во кошаркарската Балканска лига

 Новата сезона во регионалната Балканска кошаркарска лига (БИБЛ) ќе мине без учество на македонски екипи. 
 
Според најавите новото изнаение на БИБЛ лигата ќе брои 10 или 12 екипи, но меѓу нив нема да има ниту еден тим од Македонија. 
 
Од почетокот на ова натпреварување Македонија постојано имаше свои претставници, па дури и шампион во името на кавадаречки Фени Индустри. Изминатите две сезони нашата земја во БИБЛ ја претставуваше тимот на Кожув кој во два наврати играше и во полуфиналето.
 
И новата сезона БИБЛ лигата ќе се игра како и лани, односно по првата фаза по групи ќе следува ТОП 8 фазата, па полуфиналето и големото финале.