-->
-->
Берово со најмногу новозаболени во Пијанечко-малешевскиот регион
-->
Општина Берово денеска е општината со најмногу новозаболени од Ковид-19 во Пијанечко-малешевскиот регион. Вкупно тројца граѓани покажаа позитивни резултати кои според надлежните од беровскиот здравствен дом се асимптоматски случаи.
-Бројката не е загрижувачка но покажува дека сега поради контактите на новозаболените ќе има нови тестирања кои се надеваме ќе бидат негативни. Денеска, освен тројцата новозаболени имаме и еден оздравен пациент. Вкупно во нашата општина имаме 22 активни случаи на коронавирус, информираат од Здравствениот дом Берово.
Од околните општини денеска на листата со новозаразени од Ковид-19 се најде и Делчево каде има двајца новозаболени. Во Делчево има 73 активни случаи на коронавирус од кои има и граѓани кои територијално потпаѓаат под М.Каменица.
Вкупниот број на активни случаи во целиот Пијанечки-малешевски регион до денеска изнесува 113 случаи од кои 18 се од Пехчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Никол Кидман и Зак Ефрон во „A family affair“
-
Питон од пет метри проголтал жена во Индонезија
-
Две пријави за семејно насилство во еден ден
-
Скопјанец нападнат од татко и син во Драчево
-
Куршум оштетил автомобил на млада скопјанка
-
Силјановска ќе го потпише Законот за реорганизација на Владата
-
Неготинец се удави во Охридското Езеро
-
Во кумановскиот затвор се обеси убиецот на Танкица Младеновска од Кочани