Белгиски воен пилот паднал од хеликоптер со кој управувал

Пилот на белгиското воено воздухопловство го загуби животот откако паднал од хеликоптерот со кој управувал, јавија медиумите во Брисел.
Инцидентот се случил на аер-митинг во близината на градот Лиеж, во источниот дел од Белгија.
Од хеликоптер од типот „Огаста - А 109“ требало да скокнат тројца војници со падобрани. Во моментот додека копилотот им помагал на војниците, забележиле дека пилотското седиште е празно, а дека вратата на хеликоптерот од пилотската страна е отворена.
Копилотот веднаш ја презел командата врз леталото и безбедно го спуштил хеликоптерот на земјата.
Пилотот чиј идентитет не се открива, паднал од височина од неколку стотина метри. Тој и копилотот на себе немале падобрани.
Армијата покрена истрага за инцидентот, во обид да се утврди која е причината за еден ваков необичен случај кога станува збор за армиски сили и организира потрага по телото на паднатиот пилот.
Хеликоптерите „Огаста“ ги користат армиските сили во многу земји, а се користат и за полициски потреби.
Ново на Сител
-

Мицкоски ќе се сретне со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата
-

Променливо облачно со повремен дожд
-

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат
-

Украински беспилотни летала погодија хемиска фабрика во рускиот Тверски регион
-

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви
-

Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак повеќепати престојувал стан на Епстин во Њујорк
-

Браун: Кризата со лидерството на Стармер е „сериозна“
-

Жител на кавадаречко Возарци возел без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
