-->
-->
Белата куќа блокирана откако непознато лице ја прескокнало оградата
-->

Белата куќа на „Денот на благодарноста“ во САД била целосно блокирана откако непознато лице ја прескокнало оградата, извести Си Ен Ен и додаде дека лицето веднаш било уапсено.
И покрај брзото апсење, претседателската куќа била блокирана цело време и Тајните служби вршеле истрага, пренесуваат медиумите.
Инцидентот се случи во време кога САД и другите западни земји стравуваат за безбедносната ситуација по нападот на Париз на 13 ноември, во кој загинаа 130 лица.
Претседателот на САД, Барак Обама, по повод празникот бил во Белата куќа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Благодарение на ЗХГ ќе нема огномет на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје
-

Кривична за командир и четири полицајци, криеле бесправна градба, ќе одат на психолошки преглед
-

Три месеци условна казна затвор за родител кој му дозволил на малолетен син да вози тротинет во Велес
-

Приведени возачи од Штип и Охрид, возеле под дејство на алкохол и пронајдена е марихуана
-

Малолетник уби едно дете во напад со нож во училиште во Русија, неколкумина повредени
-

Во Штипскиот затвор починал 40 годишен осуденик
-

Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар
-

Заврши доказната постапка против екс директорот на Шутка - судењето продолжува со завршни зборови
