Бектеши: Туристичката сезона беше успешна
Туризмот ги даде очекуваните резултати. Сезоната беше успешна благодарение на владините мерки и политики, креирани заеднички со приватниот сектор, беше речено денеска, на настанот по повод Светскиот ден на туризмот, 27 Септември.
Како што истакна министерот за економија, Крешник Бектеши, кампањата „Дома си е дома“ и ваучерите за поттикнување на туризмот ги привлекоа домашните туристи, а безбедносниот печат значително придонесе за странските гости.
Бектеши најави дека дигитализацијата и промоцијата на земјава како атрактивна дестинација, ќе бидат меѓу приоритетните активности во областа на туризмот.
-Туризмот во светски рамки беше еден од најпогодените сектори. Владата го поддржа со конкретни мерки и активности. Според сите показатели, годинава се постигнати очекуваните резултати. Имајќи ги предвид бројките, мерките дадоа видливи резултати. Во периодот јануари – јули 2021 во однос на истиот период лани, бројот на туристи е зголемен за 56,6 отсто или регистрирани се 320.000 туристи кои оствариле над еден милион ноќевања, рече Бектеши.
Освен субвенциите кои во целот ќе бидат исплатени следнмата или најдоцна во наредните две недели, имаше, подвлече Бектеши, и директни грантови за надминување на кризата.
На настанот, покрај Бектеши, се обратија и директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Љупчо Јаневски и Владимир Граматиков од Сојузот на стопански комори (ССК).
Годинашниот Светски ден на туризмот, 27 Септември, се одбележува под мотото „Туризам за инклузивен развој“.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата