Бектеши: ДУИ останува на ставот дека е потребен консензус за датумот за избори
Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска, во својство на партиски функционер, соопшти дека ДУИ принципиелно останува на ставот – датумот за избори да се донесе со консензус.
-Ставот на ДУИ е конзистентен и принципиелен од почетокот кога се отвори темата за одржување на изборите во јуни или јуни. Подготвени сме и наредната недела да одиме на избори, но треба да ги имаме предвид препораките од Комисијата за заразни болести и ситуацијата со бројот на заразени. Принципиелно сме кажале дека датумот треба да се донесе со консензус. ДУИ останува на тој став. Ќе ги следиме препораките на епидемиолозите, а јавноста ќе биде информирана за последниот став на партијата или ако има лидерса средба, рече Бектеши, одговорајќи на новинарско прашање во врска со денешната изјава на Спасовски дека изборите треба да се одржат на 5 јули.
Ново на Сител
-
Жалби до Управниот суд за изборните приговори, прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
-
Во голем пожар во пристаништето Медулин уништени над 30 јахти | ВИДЕО
-
Без струја делови од Чаир и Аеродром
-
Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина за забраната за користење на динарот на Косово
-
Путин го поддржува кинескиот план за мирно решавање на кризата во Украина
-
Стејт департментот му префрли на Конгресот една милијарда долари помош за Израел
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремен дожд и ретки грмежи