-->
-->
Бебе заклучено во сеф - 30 минути родителите го слушале како плаче
-->

Половина час мало дете поминало заклучено во сеф во хотелска соба на водопадите на Нијагара. Според американските медиуми, детето било заклучено од постарото братче со кое играле криенка. Нејасно е зошто родителите тоа го дозволиле, со оглед на тоа што биле со децата во собата и го слушале помалото дете како плаче на цел глас, заклучено во сефот!
Не е познато колкаво било детето но се верува дека било под едно годишна возраст со оглед на тоа што се собрало во сеф со димензии 50cm x 35cm x 43cm.
Дури по извесно време тие го повикале хотелскиот персонал да го извадат малото дете од сефот. Веднаш потоа заминале од хотелот. Кога дошла полицијата веќе ги немало, па била организирана потрага по нив.
По пронаоѓањето на семејството било утврдено дека детето не е повредено, но е во состојба на шок. Родителите сепак поминале неказнето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико
-
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна