Бајден го потпиша законот што обезбедува помош од 40 милијарди долари за Украина
Американскиот претседател Џо Бајден го потпиша законот усвоен од американскиот Конгрес со кој се обезбедува помош од 40 милијарди долари за Украина во војната против Русија, соопшти денеска Белата куќа.
Западните агенции наведуваат дека Бајден го потпишал документот за време на неговата посета на Јужна Кореја.
Од 40 милијарди долари, шест се за опремување на Украина со оклопни возила и зајакнување на воздушната одбрана.
Пет милијарди долари се за решавање на глобалниот недостиг на храна што би можел да произлезе од колапсот на украинското земјоделство, а повеќе од милијарда долари за помош на бегалците.
Ова финансиска помош за Украина е до септември и ја надминува претходната итна мерка со која беа предвидени 13,6 милијарди долари.
Новиот пакет помош беше одобрен во четвртокот со големо мнозинство во Сенатот, откако претходно беше усвоен во Претставничкиот дом.
Ново на Сител
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија
-
За брзо возење 286 санкции на територија на цела држава