Бајден: До крајот на мај во САД ќе има вакцини за сите
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека САД ќе имаат доволно вакцини за секој возрасен до крајот на мај, два месеци порано отколку што претходно проценуваше администрацијата.
Администрацијата на Бајден работи на зголемување на снабдувањето и дистрибуцијата на три одобрени вакцини, пренесува Ен Би Си Њуз.
За тоа ќе придонесе договорот склучен меѓу фармацевтските компании Мерк и Џонсон и Џонсон, со посредство на администрацијата на Бајден, откако официјалните лица дознаа дека Џонсон и Џонсон заостануваат во производството на својата вакцина.
Сега, две фабрики на Мерк ќе бидат искористени за производство на вакцината, соопшти официјален претставник на администрацијата.
Мерк се обиде да произведе своја вакцина, но на крајот на јануари објави дека го запира развојот на своите два кандидати, откако податоците од раните клинички испитувања покажаа слаб имунолошки одговор.
Според Центрите за контрола и превенција на болести, повеќе од 15 проценти од луѓето во САД досега примиле барем една доза од вакцината против Ковид-19.
Федералната влада оваа недела ќе достави 15,2 милиони дози во сојузните држави, наспроти 14,5 милиони минатата недела и речиси двојно повеќе дози отколку што биле испорачани пред инаугурацијата на Бајден, изјави синоќа портпаролот на Белата куќа Џен Псаки.
Ново на Сител
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло
-
Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол