Македонија
12. April 2021 - 18:03

Автобус се преврте на патот Кичево – Битола откако се судрил со трактор

Автобус кој сообраќал од Битола кон Кичево излетал од патот откако претходно се судрил со трактор, објави ТВ 21.

Според првичните информации автобусот превезувал патници од фабрика која се наоѓа на периферијата на Битола. Повредени се патници и се превезуваат во клиничкиот центар во Битола, а увид на лице место врши и полиција.

Во моментов по една коловозна лента се одвива овој патен правец.