Австрија бара затворање на „медитеранската бегалска рута“
Австрискиот министер за внатрешни работи Волфганг Соботка се заложо за затворање на „медитеранската рута“, по која во моментот најголем број бегалци доаѓаат во Австрија.
- Покрај затворената „балканска рута“, сега од клучно значење е да се затвори и „медитеранската рута“, истакна Соботка за германската новинска агенција ДПА.
Тој додаде и дека „спасувањето на отворено море не може да биде влез за Европа“.
- Во моментот тешко е да се процени како ќе се движи бројот на бегалци во топлите месеци. Австрија е во контакт со Италија, со цел да реагира на сите евентуалности, наведе Соботка.
Тој додаде дека во рок од неколку часови може да се примени управувањето на границите, како и дека нема алтернатива за заедничкото европско решение, кое вклучува делотворна заштита на надворешните граници на Европска унија.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци