Авион принудно слета во Филаделфија, едно лице загина
Авион на воздухопловната компанија „Саутвест ерлајнс“ на лет кон Далас со 148 патници и членови на екипажот принудно слетал во вторникот на меѓународниот аеродром во Филаделфија, откако откажал мотор, а едно лице загинало, соопштија истовремено компанијата и сојузните власти.
Челникот на Националниот комитет за безбедност во сообраќајот (NTSB), Роберт Самвалт изјави на прес-конференција дека е известено за едно загинато лице, но не сакал да зборува за поединостите во врска со смртниот случај.
Летот 1380 од Њујорк за Далас бил пренасочен кон Филаделфија откако екипажот на авионот од типот „Boeing 737-700“ известил за оштетување на еден од моторите, на трупот од авионот и најмалку еден прозорец, соопшти сојузната воздухопловна управа на САД.
Снимките што ги емитуваа американските телевизиски мрежи покажуваат дека поголем дел од надворешното куќиште на левиот мотор на авионот е раскинат и дека недостига прозорец во близина на моторот на левата страна од леталото.
Тод Бауер, кој се претставил како татко на еден од патниците во авионот, изјави за филаделфиската телевизиска станица NBC-10, дека една патничка била повредена кога делумно била вшмукана од близина на оштетувањето на моторот пред другите патници да ја повлечат назад во авионот.
Телевизиската мрежа CBS објави дека „уште 12 патници добиле лекарски преглед и на седум кои се здобиле со полесни повреди, им била укажана помош на самото место“.
Ново на Сител
-
Албанија ќе почне со производство на оружје и муниција
-
Албанската полиција почна контрола на целата територија и државната граница со беспилотни летала
-
Едно лице загина, повеќе се повредени на лет од Лондон кон Сингапур по големи турбуленции
-
Михаил Гацов освојува злато за Италија и сонува да се бори за Македонија
-
Директорката Иљази им забрани на вработените да даваат изјави за медиумите
-
Безживотно тело на маж извлечено од водите на Вардар во центарот на Скопје
-
Земјоделци од селата Иловица и Штука го блокираа патот заради ниските откупни цени на младиот компир
-
Намален бројот на превезени патници во патниот сообраќај во првиот квартал