Авиокомпаниите ќе ги тестираат британските патници кои патуваат во Њујорк
Авиокомпаниите „Бритиш ервејз“, „Делта“ и „Вирџин“, ќе ги тестират сите патници кои патуваат од Лондон и другите британски градови до њујоршкиот аеродром „Џон Ф. Кенеди“. Оние со позитивен резултат ќе бидат вратени назад.
Одлуката следува, по барање на гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, кој на брифинг синоќа повика авиокомпаниите да ги проверуваат патниците кои пристигаат во овој аеродром од Велика Британија, откако таму деновиве избувна многу позаразна мутација на новиот коронавирус.
Во меѓувреме, десетици земји, но не и САД, ги затворија границита за патници од Велика Британија, со тоа предизвикувајќи патнички хаос пред божиќните празници.
Kуомо побара од сојузната влада во Вашингтон да ги затвори летовите од Велика Британија, иако, според негово мислење, сега можеби веќе е доцна.
-Интуицијата ми кажува дека (вирусот) е веќе тука, затоа што лета насекаде по светот, тука е, рече тој.
Авиокомпаниите ќе започнат да ги тестираат патниците од идната недела.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници