Авганистан: Не планираме продолжување на мировните преговори со талибанците
Четири нации - Авганистан, Пакистан, Кина и САД не планираат да продолжат со мировните преговори со талибанците по претходната рунда состаноци која не даде никакви резултати, соопштија денеска авганистански официјални лица.
Портпарол на авганистанскиот претседател Ашраф Гани рече дека не постои план за оживување на мировниот процес кој има за цел талибанците да бидат на преговарачка маса.
Групата претставници од четирите држави петпати имаа состанок од јануари во Кабул и Пакистан. Во мировните преговори не учествуваа талибанците кои одбија да присуствуваат на заеднички состаноци.
Авганистански официјални лица го обвиннуваат пакистан за давање засолниште на лидер на талибанците додека Исламабад негира. Тие велатд ека Авганистан е на удар на „терористички групи кои дејствуваат и имаат бази во Пакистан“.
Ново на Сител
-
Поради силни турбуленции повредени се 12 лица на лет на „Катар Ервејз“ на релација Доха-Даблин
-
Скопјанец почина косејќи трева во двор, го усмртил струен удар
-
Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка
-
Ја вознемирувал поранешната партнерка и непочитувал судска мерка, уапсен неготинец
-
Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Карпош
-
Голема тепачка меѓу навивачи на Олимпијакос и Панатинаикос во Берлин
-
„Од Битола до Вевчани се сардисано“ - годишен концерт на КУД „Дримкол“ Вевчани
-
Млад возач на „јамаха“ заврши во болница по судир со „пежо“