АСОМ: Предлог измените на Законот за игри на среќа се противправни на веќе издадените лиценци
Предлог измените на Законот за игри на среќа се противправни на веќе издадените и постоечки лиценци и ќе предизвика правна несигурност кај субјектите на коишто им е издадена лиценца со точно одреден рок на важење, реагирааат од Асоцијацијата на спортски обложувалници.
АСОМ укажува и на домашни и меѓународни правни консеквенци со кои може да се соочи државата, бидејќи со ваквото законско решение, како што велат, на компаниите им се одзема стекнатото деловно право по основ на важечките лиценци за постоечките објекти.
– Условите кои ги наметнува новиот закон, де факто значат затворање на нашите објекти, а со тоа и прекин на правата кои ги регулираат лиценците. Спортските обложувалници плаќаат лиценци кон државата кои им гарантираат услови за работа за периодот за којшто е издадена лиценцата. На основ на тие лиценци, приредувачите на игри на среќа во обложувалница вложуваат во простор, средства за работа, ИТ решенија, нови вработувања. Заради наметнатата обврска на усогласување кое не било предвидено во моментот на издавање на лиценците, со барање или поведување на постапки за нанесена материјална штета која ќе ја претрпат обложувалниците, може да се предизвика и директна материјална штета по буџетот, се вели во реакцијата на АСОМ.
Со ваквото законско решение, велат од АСОМ, буџетот ќе остане покус за над 250 милиони евра, средства кои индустријата на игри на среќа ги придонесува во државната економија, и посочуваат дека заради наметнатата обврска на усогласување кое не било предвидено во моментот на издавање на лиценците, со барање или поведување на постапки за нанесена материјална штета која ќе ја претрпат обложувалниците, може да се предизвика и директна материјална штета по буџетот.
Асоцијацијата, се вели во соопштението, стои на ставот дека нема да прифати закон кој води кон целосно затворање на индустријата.
Ново на Сител
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време
-
Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ кои би можеле да ги испратат во Украина
-
Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија
-
Промовирана новата генерација полициски службеници
-
Претрес во Штип, пронајдена дрога
-
СПМ: Ковачевски, Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ за грешките мора да си одат и да одговараат
-
Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница
-
ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај