Армаколас: Преспанскиот договор е основа за идното пријателство меѓу Скопје и Атина
Договорот од Преспа е основата за пријателство меѓу двете земји. Тој е непопуларен до одреден степен во двете земји, но важен е не само за двете земји туку и за регионот, вели Јанис Армаколас од ЕЛИАМЕП, добар познавач на приликите на Балканот.
Тој на денешната дебата насловена: „Мостови или ѕидови? Македонија и Западниот Балкан во Европа“, организирана во рамки на Форумот за граѓанско општество Скопје 2018, на која учествуваше како панелист заедно со премиерот Зоран Заев, рече дека очекува процесот околу имплементацијата на Договорот во Грција да се одвива „чувствително“ како и во Македонија, но оти е оптимист.
- Мора да сме искрени и ова е основата за пријателството во иднината. Договорот не е популарен во Грција и ќе биде подеднакво чувствително како што е и тука сега и во наредните неколку недели. Но, јас лично научив да бидам пооптимистичен низ тој процес на преговорите што се случуваше меѓу двете земји во изминатите две години, бидејќи нештата се случуваат, рече Армаколос.
Спорот за името вели, го потсетува на состојбите од 90-те години, на посткомунистичкиот и постконфликтен период и неговото решавање, според него, ќе биде сигнал не само за двете земји, туку и за целиот регион дека „конечно може да го оставиме зад нас ова наследство и да преминеме кон нешто што мора да е посветла иднина“.
- Важно е да се врати оптимизмот и надежта во регионот. За тоа ни е потребно позитивно лидерство и поддршката од ЕУ. Најважниот елемент на интеграциите е дека ја споделуваме идејата како сакаме да го организираме нашето општество, а тоа е обединувачки фактор во регионот, истакна меѓу другото експертот за Балканот, Јанис Армаколас.
Ново на Сител
-
Макрон: Путин не попушта, санкциите остануваат клучни
-
Амбасадата во Белград ја потврди информацијата за загинат македонски државјанин во сообраќајка
-
СДСМ реагира на најавата од владата
-
Истражна постапка против возачот на мотор кој го прегази Југослав Николовски
-
На граничните премини Богородица и Табановце се чека од 20 до 30 минути
-
Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина
-
Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, оцени Тошковски
-
МВР апелира граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки