Археолози пронајдоа камена арена во близина на Стоунхенџ
Британските археолози пронајдоа остатоците од огромен камен споменик, скриен под земја и трева, само неколку километри од Стоунхенџ.
Деведесет менхири формираат неолитска арена во форма на латиничната буква „c“, која се граничи со сувото речно корито и директно гледа на реката Авон, пренесува „Гардијан“.
Експертите со радар „снимиле“ 30 недопрени менхири со висина од 4,5 метри. Остатоците на уште 60 камени блокови или дупки каде камењата биле прободени, ја покажаа целата големина на споменикот.
- Почнуваме да гледаме на ова како на најголем преживеан камен споменик откриен во Британија, а најверојатно и во Европа, сочуван под брегот, рече Винс Гани, арехолог на Бредфорд универзитеотт кој го предводи проектот Скриени пејсажи на Стоунхенџ.
Камењата поставени пред повеќе од 4.500 години за да формираат ритуална арена, сместена се во природна вдлабнатина.
- Веруваме дека станува збор за ритуална арена, рече Гафни чиј тим ги мапираше надземните и подземните карактеристики на земјиштето околу Стоунхенџ.
Гафни верува дека камењата стоеле исправено и дека ги собориле неолитски градители при „реконструкцијата“ на Стоунхенџ. Камењата биле инкорпорирани во помалку невештата јужна лунарна граница на кружниот ров познат како Дарингтон ѕидини, кои се дел од споменикот Стоунхенџ.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување