Аплицирање за субвенциониран студентски оброк од денеска до 31 јануари
Министерството за образование и наука информира дека од денеска до 31 јануари повторно е достапна можноста за аплицирање за субвенциониран студентски оброк, за студенти кои ги исполнуваат законските услови, но кои досега не успеале да се пријават и / или да го остварат ова право. Оваа можност е достапна од 20-ти до 30-ти, односно до 31-ви во месецот.
Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк е дигитализирано, односно се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/, со прикачување на два документа – пријава и изјава за точност на податоци и наведување податоци за лична трансакциска сметка.
– Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон, со кое на младите значително им се олеснува животот за време на студирањето односно добиваат по 2.400 денари девет месеци во годината, средства наменети за купување здрави оброци. Право на оваа финансиска поддршка имаат сите редовни студенти запишани на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи кои се државјани на РСМ и кои не се во редовен работен однос, не се регистрирани како индивидуални земјоделци и немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната плата, соопшти МОН.
Правото на субвенциониран студентски оброк досега го оствариле над 27 илјади студенти на кои редовно им се префрлаат средства на личните трансакциски сметки.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг