-->
-->
Апасиев: До каде (ќе) оди забеганоста на СДС? 70.000 Косовари на вештачки начин може да станат државјани на Македонија
-->
Димитар Апасиев, лидер на „Левица“ и пратеник, напиша на Фејсбук дека со изгласаните измени на Законот за државјанство, како што вели тој, околу 70.000 граѓани од Косово ќе може да добијат македонски пасоши, а според него, тоа го прави владеачката партија СДСМ за да може да обезбедува кворум во Собранието со помош на пратениците на Алијанса на Албанците и Алтернатива.
„До каде (ќе) оди забеганоста на СДС?
Вчера, само за да си обезбеди кворум за изгласување на дневен ред, владејачкото мнозинство го усвои шовинистичкиот предлог на Алијанса и Алтернава за контроверзни измени на ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО - по скратена постапка, со кој, на вештачки начин, се овозможува нови 70.000 Косовари да станат државјани на Македонија!“, напиша Апасиев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници