Антовски: Партиски вработувања во РЕК Битола
СДСМ вршат масовна партизација и предизборен поткуп на гласачи со полнење на РЕК Битола со партиски вработени.
На 14 – ти декември оваа година на само 20 – тина дена пред техничка влада Заев распиша оглас за вработување на 194 лица во РЕК Битола.
Додека беа опозиција тврдеа дека имаме преполна администрација, за сега самите да трупаат партиски војници на позиции каде што се бара стручност и компетентност.
Мотивите на власта не се ништо друго туку предизборен поткуп, доказ за тоа е и Стратегијата за развој на енергетиката за периодот од 2020-2040, со која се предвидува престанок на работата на РЕК Битола до 2025 година, која оваа власт ја предвидува.
Според Стратегијата за развој на енергетиката за периодот од 2020-2040, над 3.000 вработени во РЕК Битола, како и овие што сега власта планира да ги вработи ќе останат социјални случаи.
Доколку власта планира да ја затвори РЕК Битола, зошто тогаш распишува нови огласи и заглавува нови луѓе!?
Партизацијата на РЕК Битола е само продолжување на партизацијата која СДСМ ја спроведе во МЕПСО, каде бројот на вработени откога се дојдени на власт до сега е зголемен за 40%.
Грубата партизација е доказ дека оваа власт нема план за развој, туку за пропаст на државата.
Енергетиката со СДСМ само пропаѓа, тоа ќе се смени на 12-ти април. По 12-ти април следува обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
ДЗР: Регионален развој без резултати - јавните инвестиции заглавени во локални приоритети
-
Почнува четвртфиналната фаза на „Ролан Гарос“
-
Влада: Историски најдобар оперативен план, практикантство за 1.352 млади до 29 години и младински додаток од 3.000 денари месечно за лица до 23 години
-
Приведен 64-годишен маж од Пробиштип, возел под дејство на алкохол и удрил во дрво
-
Марта Кос на дебата со членовите на АФЕТ, меѓу темите и проширувањето на ЕУ
-
Орбан: Војната во Украина ќе биде подолга и побрутална отколку што очекувавме
-
МЗТ Скопје Аеродром ја одбрани титулата
-
Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за ланската година на 51. седница на Собранието