Анонимуси обвинија американска компанија дека ја штити интернет страницата на ИД
Хакерската организација Анонимуси ја обвини фирмата „Клауд Флер“ од Силиконската долина дека ја штити интернет страницата на екстремистичката група Исламска држава (ИД) од кибер-напади.
Тие тврдат дека оваа компанија и помага на ИД да ја подобри безбедноста и да се одбрани од кибер-напади со забрзување на времето при отворање на страницата. Тоа значи дека доколку Анонимуси се обидат да го нападнат бивниот веб сајт, тие би ги спречиле со помош на технологија, која им ја обезбедила фирмата „Клауд Флер“.
Според неодамна објавен извештај, „Клауд Флер“ е обвинета дека штити 40 интернет страници на кои се наоѓаат терористички линкови, вклучувајќи 37 строго пропагандни.
Анонимуси напишале на Твитер: „Уште еднаш е откриено дека Клауд Флер им дава услуги на происламски интернет страници. Срамно“.
Основачот на американската фирма, Метју Принс изјави дека тврдењата на Анонимуси се „анализи од фотелја од страна на деца, кои не треба да се сфатат сериозно“, додавајќи дека неговата компанија нема никаква корист од поддржување на терористичката група.
Ново на Сител
-
Земјотрес во Косово почувствуван и во Македонија
-
Израелската војска соопшти дека нападнала команден штаб на Хамас, сместен во училиште
-
Русија го блокира Вибер
-
Сириските Курди тврдат дека нема преговори меѓу СДФ и новата влада во Дамаск
-
Магла на Ѓавато и Плетвар
-
Променливо облачно, попладне повремен дожд, а на планините снег
-
Габриел викендов се враќа во тимот на Арсенал
-
САД објавија за успешно тестирање на суперсонична ракета