Свет
13. December 2024 - 9:24

Молдавија воведува 60-дневна вонредна состојба поради енергетската криза

Парламентот на Молдавија одобри воведување вонредна состојба поради енергетската криза во земјата на 60 дена, почнувајќи од 16 декември, изјави претседателот на парламентот Игор Гросу.

Потегот е преземен поради очекуваниот прекин на испораките на руски гас од 1 јануариМолдавската Влада на седницата во средата ја одобри потребата од воведување вонредна состојба, објави премиерот Дорин Речан, кој привремено ја извршува функцијата министер за енергетика.

„Предлог-одлуката за воведување вонредна состојба беше усвоена со 56 гласа од пратениците (од 101 во Парламентот)“, изјави Гросу на парламентарната седница.

Прогласувањето вонредна состојба и овозможува на владата брзо да реагира и да го ограничи извозот на енергија.

Молдавија добива руски природен гас преку Украина, која веќе соопшти дека нема да го продолжи договорот за транзит на руски гас со рускиот гасен гигант Газпром. Договорот истекува на 31 декември.