Американскиот ЦДЦ одобри вакцини против Ковид-19 за деца
Американските здравствени власти препорачаа да се даде вакцина против Ковид-19 на деца на возраст од шест месеци до пет години, последната возрасна група за која вакцината се уште не беше одобрена.
„Знаеме дека милиони родители и старатели чекаат нивните деца да бидат вакцинирани, а со денешната одлука тој ќе може да го направи тоа“, изјави д-р Рошел Валенски, директор на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).
Советодавното тело на ЦДЦ нагласи дека вакцините им даваат заштита на малите деца од хоспитализација, смрт и можни долгорочни компликации.
Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) ги одобрува вакцините и ЦДЦ одлучува кој може да ги добие. Американската влада се подготвува да започне да дава вакцини за најмалите деца на почетокот на следната недела, а милиони дози се нарачани за дистрибуција до лекарите, болниците и здравствените клиники низ целата земја.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите