Американски сенатори претставија извештај за руското влијание врз изборите во други земји
Демократите во Надворешнополитичкиот одбор на американскиот Сенат денеска претставија извештај посветен на руското влијание врз изборите во други земји.
Демократите во извештајот апелираат до администрацијата на Трамп странското мешање во изборите да се третира како национална криза, да се формира агенција која би кооридинирала одговор на мешањето и да се воспостави нов вид на санкција за казнување на одговорните.
Во текстот на 200 страници, чија подготовка ја побара сенаторор Бен Кардин, по победата на Трамп, детално се опишуваат „речиси дведецениските“ руски напори да влијаат врз изборите во Европа. Исто така се критикува и Трамп што малку направил за решавање на таквиот проблем.
Демократите во препораките, помеѓу другото, наведуваат дека е потребно да се изградат демократски институции во земјите кои се најподложни на мешање во изборите и да се формира организација слична на Националниот центар за борба против тероризмот, која би ја координирала американската реакција на таквото мешање.
Во извештајот се предлага и американските функционери, вклучително и членовите на Конгресот редовно да патуваат и да примаат високи гости во Вашингтон од земјите кои се подложни на странско мешање во изборите.
- САД треба да испратат јасна порака дека се вратиле и да бидат подготвени да соработуваат со земјите и сојузниците ширум Европа, за да се одбранат од злокобното влијание и би им помогнале на тие држави да го довршат процесот на интеграција, се посочува во извештајот.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст