Американската филмска академија го исклучи продуцентот Харви Вајнстин
Американската академија за кинематографија, која ги доделува наградите „Оскар“, го исклучи од своите редови обвинетиот продуцент за сексуално злоставување Харви Вајнстин.
Академијата, во која од 54 члена речиси половина се жени, соопшти дека одлуката за „негово итно исклучување“ е донесена вчера на вонрадна седница на управниот совет со „мнозинство, кое надминува над две третини од гласовите“.
Исклучувањето на 65-годишниот Вајнстин од најпрестижната филмска организација следува по објавените текстови во „Њујорк тајмс“ и „Њујоркер“ во врска со низата обвиненија за силување и сексуални вознемирувања, кои датираат уште од 80-те години.
- Ние се дистанцираме од човекот кој веќе не ја заслужува почитта на своите колеги, но испраќаме порака дека ерата на сексуални злосторници и на малтретирање на работното место е минато во филмската индустрија. Станува збор за многу голем проблем, за кој нема место во нашето општество. Управниот совет продолжува да работи за воспоставување на етички стандарди на однесување и од сите членови на Академијата се очекува да ги спроведуваат, се наведува во соопштението на филската академија.
Претходно и Британската филмска академија го исфрли Вајнстин од своето членство.
Ново на Сител
-
Ќе се прегласува во Желино - ДИК прифати приговор на коалицијата ВРЕДИ
-
Тема на денот со Игор Александров, македонска заедница во Австралија
-
ДИК одлучува по 27 приговори на парламентарните избори поднесени од „ВРЕДИ“, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Странците уживаат во гастрономските приказни
-
ДИК одлучува по 28 приговори на парламентарните избори поднесени од ,,ВРЕДИ‘‘, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Силјановска Давкова: Македонија е мое лично право на самоопределување
-
Министрите контра експертите за заклетвата на Силјановска Давкова
-
Експертите предлагаат со закон да се обезбеди континуитет на веб страните на институциите