„Алокејт софтвер“ отвора втора канцеларија во Македонија
Британската ИТ компанија „Алокејт софтвер“ денеска ќе отвори втора канцеларија во Македонија, со која ја проширува работата на македонскиот пазар каде е присутна од пред една година со центар за развој на апликации.
„Алокејт софтвер“, со седиште во Лондон и канцеларии во Сиднеј и Стокхолм, нуди услуги за специјалистички софтвер за оптимизација на работна сила. Нивните решенија се користат во над 700 организации во јавниот и во приватниот сектор, а дел од нивните корисници се НАТО и Британската армија.
Според првичната најава на компанијата, во канцелариите во Македонија треба да бидат вработени 50 програмери и да бидат инвестирани пет милиони евра.
Плановите за проширување на работата во Македонија ги најави во јануари годинава извршниот директор на „Алокејт софтвер“ Иан Бишоп на средба со министерката информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, која ќе присуствува на отворањето на новата канцеларија.
Ново на Сител
-
Јавниот градски автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Премиерот Мицкоски во посета на РЕК „Битола“
-
Аргентинскиот претседател Милеи нападнат со камења на предизборен митинг
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни
-
Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111