Алек Болдвин: Не го повлеков чкрапалото
– Алек Болдвин тврди дека не го повлекол чкрапалото на пиштолот од којшто беше убиена снимателката за време на снимањето на „Растење“. Ова се наведува во делови од првото негово интервју по несреќното убиство. Тоа ќе се емитува денеска, а е снимено на 21 октомври во Ново Мексико (САД).
– Видете, чкрапалото не беше повлечено. Не го повлеков, изјави глумецот прашан од новинарот на „Еј-би-си“, Џорџ Стефанопулос.
– Значи, никогаш не сте го повлекле чкрапалото?, праша Стефанопулос. – Од каде „жив куршумот“ во пиштолот?
– Не, не и не. Никогаш не би вперил пиштол кон некого и не би го повлекол чкрапалото. Никогаш!, одговори Болдвин.
Тој додаде дека не му е јасно како вистинскиот куршум се појавил на снимањето на филмот „’Рѓа“ на ранч во близина на Санта Фе. Снимателката Халина Хачинс беше убиена на снимањето на тој филм, а режисерот Џоел Суза беше ранет, откако, според очевидци, Болдвин испукал пробен истрел од пиштолот.
Засега против него не е покренато обвинение.
Двајца членови на тимот покренаа граѓанска тужба поврзана со несреќата, а продуцентот и некои други лица се товарат за невнимание.
Надзорничката Мами Мичел во тужбата против Болдвин наведува дека, според филмското сценарио, од него не било барано да пука во таа сцена. Мичел, која повикала полиција по трагичниот настан, во тужбата тврди дека Болдвин, пукајќи од пиштол во насока на Хачинс, постапил непромислено и ги прекршил или занемарил безбедносните протоколи за муниција и оружје на сетот. Таа смета дека самиот Болдвин требало да провери дали има муниција во пиштолот и оти не требало да ја зема здраво за готово изјавата на помошникот-режисер дека оружјето е безбедно.
Ново на Сител
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Приведени малолетници, со закана со нож одзеле пари од други малолетници
-
Тројца повредени во тешката сообраќајка во скопско Влае
-
Лани над еден милион туристи од Македонија ја посетиле Грција
-
Во Охрид денеска ќе гласаат 239, а во Дебрца 34 стари и изнемоштени лица
-
Денеска гласаат вкупно 505 изнемоштени и болни лица од Крива Паланка, Ранковце и Кратово