Албанија му враќа на Бразил 26 тони месо поради салмонела
Албанската Национална комисија за храна соопшти дека ја враќа пратката со месо во Бразил, откако при проверките било утврдено присуство на високо ниво на салмонела.
Приближно 26 тони смрзнато месо од живина, увезено од албанска компанија, се блокирани во пристаништето Драч од почетокот на месецот.
Во соопштението од албанската Национална комисија за храна се дополнува дека месото од живина ќе биде вратено во Бразил, откако ќе биде комплетирана потребната документација во царината.
Бразил е главен извор на месо од живина и свинско месо за албанските увозници.
Во март се значително намалени количествата извоз на месо од Бразил, откако истражителите открија дека бразилски здравствени инспектори биле потплатени да го занемарат фактот дека на голем број пратки им е истечен рокот.
После овој скандал, албанските власти детално го контролираат месото увезено од оваа најголема јужноамериканска држава.
Ново на Сител
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф