Албанија ќе потроши шест милиони долари за сателитски мониторинг, избрана американска компанија

Албанската Агенција за цивилна одбрана ќе потроши шест милиони долари за сателитски мониторинг на територијата на земјата, во текот на три години. -
Се чини дека идејата за лансирање на сателитите „Албанија 1“ и „Албанија 2“ во орбитата веќе почна да заживува. Откако првиот тендер беше поништен бидејќи немаше понуда, веќе е објавено дека има победник. Тоа е американската компанија „Satellogic USA“ Inc. Се дознава дека тие ќе ја чинат албанската држава шест милиони долари или 671.760.000 лека за период од 3 години, јави ABCnews.al.
Додава дека “Satellogic USA” Inc. ќе биде фокусирана на набљудување на сателитски снимки на земјата со цел “донесување подобри одлуки”. Сателитите „Албанија 1“ и „Албанија 2“ , според најавата на премиерот Еди Рама, требаше да бидат лансирани во март и јуни, но тоа не беше постигнато. Интелигентните сателити и дронови ќе служат за целосна контрола на целата територија на земјата поточно за цивилни активности.
Ново на Сител
-

Јокиќ го забележа својот трет последователен трипл-дабл
-

Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Крушево, за викендот нови врнежи
-

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
-

Трамп го потпиша законот за објавување на досиејата на Епштајн
-

Зеленски: Само Трамп и САД имаат моќ да стават крај на војната во Украина
-

Украина, Блискиот Исток, Сахел и Судан главни теми на денешниот Совет за надворешни работи на ЕУ
-

Облачно со повремени врнежи од дожд
-

Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на границите
