-->
-->
Албанија испраќа своја војска во Ирак за борба против ИД
-->
Албанската министерка за одбрана Мими Кодели изјави денеска дека нејзината земја планира да испрати пешадиска единица во Ирак, која ќе се бори против џихадистичката група Исламска држава.
Таа истакна дека тоа се планира поради намерите на САД, да испратат единица од околу 30 пешадиски водови за воени операции во Ирак.
Според Кодели, ирачката Влада мора да се согласи со тоа, пред албанските власти да ја потврдат таа одлука во Парламентот.
- Ние не зборуваме како дел од НАТО, туку како волонтери во глобалната коалиција, нагласи албанската министерка.
Албанија, која е членка на НАТО од 2009 година, учествува во меѓународните мировни мисии во Авганистан, БиХ, Косово, Мали и Егејското Море.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори