Албанци и Украинци шверцувале дрога со брод од Црна Гора
Во меѓународна акција против шверц на дрога, албанската полиција, поддржана од италијанската Финансиска гарда (Guardia di Finanza) и американската агенција ДЕА (DEA) уапсила криминална група обвинета за шверц на дрога на брод што пловел од Црна Гора.
Уапсени се шест лица, меѓу кои и поранешен полициски раководител.
Албанските медиуми јавуваат дека меѓу уапсените, двајца се украински државјани.
Лицата кои се наоѓале на бродот, кога забележале дека се опколени, го запалиле бродот со кој тргнале од Црна Гора, по што се обиделе да избегаат на чамец за спасување.
Уапсени се Албанците Арлинд Исмаилукај (47), Армандо Мема (37), Нерим Чела (40), Бесник Брокери (51) и Украинците Кирило Пономаренко (39) и Костијантин Биелон (44). Специјалниот суд против корупција и организиран криминал им изрекол мерка притвор.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајна несреќа на магистралата Гостивар – Кичево
-
Во Основниот суд во Куманово продолжи рочиштето против кумановскиот градоначалник Димитриевски
-
Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, смета претседателот на МАНУ
-
Ослободен од притвор синот на норвешката принцеза
-
Герасимовски: Нема да бидам дел од раководство на СДСМ, останувам посветен во општината
-
Кос: Очекувам Северна Македонија да го промени Уставот и после тоа навистина да го забрзаме процесот
-
Педесет и пет години постоење на Одделот за воздухопловни единици при МВР: Службата врши и хуманитарни мисии
-
Татко и син со мотор се судриле со „пасат“ на Ленинова