-->
-->
Акварели на Хитлер изложени во галерија во Техеран
-->
Два акварела кои ги наслика Адолф Хитлер изложени се во галерија во главниот град на Иран, Техеран.
- Изложуваме акварели и од други сликари, но поголемиот број посетители доаѓаат поради сликите на Хитлер, изјави директорката на галеријата „Дафинех“ Голназ Голсбахи.
Таа додаде дека многу луѓе во Иран не се свесни дека „крволочниот диктатор како Хитлер“ сликал.
Има малку информаиции за сликите, а Голсбахи претпоставува дека богат ирански колекционер ги купил двата акварели пред Исламската револуција во 1979 година. Потоа сликите се запленети и се во сопственост на државата.
Акварелите најверојатно се насликани 20-тите години од 20-от век во Виена, кога Хитлер се обидувал да живее од сликарство. ви/ми/13:02
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред