-->
-->
Акраповиќ презадоволен резултатот и пред се играта на неговите фудбалери
-->
По пласманот во 3.коло во квалификациите за Лига Европа, а по синоќешниот триумф над Нефчи (1-0), тренерот на тетовска Шкендија, Бруно Акраповиќ не го криеше задоволството од постигнатиот успех, но пред се играта и посветеноста која ја покажале неговите избраници на теренот на „Филип Втори’’.
Според Араповиќ, играчите успешно се носеле со големиот притисок кој го чувствувале пред мечот и желбата да се дојде до успех.
„Беше интересен натпревар со многу шанси. Постигнавме гол за победа, а имавме и уште неколку одлични можнпсти кои не ги реализиравме. Сепак. Морам да упатам големи честитки за фудбалерите, имаа голем товар, но издржаа. Среќен сум што, на крајот, добро ја завршивме работата остварувајќи ја целта“, истакна Анкраповиќ на прес-конференцијата по натпреварот.
Шкендија во следното коло за противник ја очекува чешката екипа Млада Болеслав.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево