Македонија
12. јуни 2024 - 16:38

Ако сакаат нова компресорска станица Клиниките ќе си платат за тоа!

Хируршките клиники ќе мора сами да си платат ако сакаат да работат во нормални услови. Нова компресорска станица и промена на инсталацијата ќе чини 28 милиони денари од кои Заеднички служби ќе партиципираат со 7 милиони а остатокот од 21 милиони е од буџетите на ТОАРИЛУЦ, Пластична, Дигестивна, Детска, Урологија и Торакална. 

Ова е наведено во оперативниот план кој установата задолжена за одржување на опремата на клинички го достави до Владата и истиот ќе се реализира под услов сите клиники од хирургија да дадат согласност за групна набавка и здружување на средства.

Доколку има согласност од сите страни, тогаш реалниот рок за извршување на неопходните активности е 6 месеци односно до крајот на годината.

Од Заеднички служби во известувањето до Владата тврдат дека додека траат градежните работи снабдувањето со комрпимиран застој до клиниките кои се поврзани на мреж=ата ќе биде без застој.

И додека се бара решение, на хирургија работат со надворешни компресори и од денеска операции почнаа да прават и на Дигестивна, но само во една сала.

 Дел од лекарите алармираа дека овој колапс на системот е срам за државата  што не се случило досега и очекуваат новата Влада сериозно да пристапи кон негово решавање. Мандатарот Христијан Мицкоски кажа дека здравството ќе им биде приоритет.

- Жалам што ова им се случува на македонските граѓани. Во 21 век да ни умираат пациенти по ходници и да имаме инфекции кои мислевме дека се минато. И за ова ќе има одговорност, вели Христијан Мицкоски, мандатар

Хаосот на хируршките клиники настана пред околу еден месец кога салите останаа затворени,  а на многу болни операциите им беа одложени.  Целиот товар падна на клиниката Свети Наум Охридски и ГОБ 8ми септември кои ги примаа сите итни пациенти. Предмет отвори и Народниот правобранител кој проверува дали се повредени правата на пациентите.