Акција за чистење во Клинички Центар, најавено скоро решение на проблемот
Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, Абдусамед Шабани и заменик-министерот за здравство, Асим Муса денеска најавија многу скоро решавање на проблемот со одржување на хигиената и чистење на дворот на Клинички центар, но не прецизираа дали Центарот ќе го исплати долгот што го има кон ова јавно претпријатие.
- Имавме еден координативен состанок со заменик-министерот за здравство и сите ќе се залагаме да најдеме заеднички јазик за решавање на проблемот со одржувањето на хигиената во дворот на Клинички центар. Со помош и на другите јавни градски претпријатија, во координација и со градоначалникот на Град Скопје ќе најдеме заеднички јазик за решавање на проблемот, рече Шабани.
Тој додаде дека денеска ги посетил своите вработени кои го чистеа дворот, и најави дека акцијата ќе продолжи и утре поради помалата фрекфенција на луѓе и возила. Шабани рече и дека вакви повремени акции ќе има и во иднина, без разлика дали се или не се обврзани, бидејќи, како што потенцира и покрај проблемот совеста не им дозволува да не го чистат Клиничкиот Центар.
Заменик-министерот за здравство само кусо повтори дека очекува многу скоро решение на овој проблем.
- На праг сме на решение на оваа на состојбата. Тие секогаш изразуваат доба волја да ни помогнат и покрај тешкотиите што ги имаат, но, како што рече и директорот на ова претпријатие на праг сме на решавање на актуелниот проблем, истакна Муса.
Покрај акцијата на вработените на ЈП „Комунална Хигиена“ за претпладнево на клинички треба да дојдат и македонските глумци во обид да помогнат и да покренат јавната свест за одржување на чистотата во дворот на Клиничкиот центар. За денеска е најавена и посета на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на Клиничкиот центар.
Ново на Сител
-
Германскиот канцелар го осудува „агресивното однесување“ на Русија во Полска
-
Русија ја обвини Полска за „ширење митови“ околу упадот на дронови
-
Трамп го коментира нарушувањето на полскиот воздушен простор
-
Европарламентот ги осуди „обидите на Русија за дестабилизација на Молдавија“
-
Пратеничките групи во ЕП со противречни оценки за обраќањето на Фон дер Лајен
-
Приведени две лица од струшко, при претрес во нивните домови пронајдена е дрога | ФОТО
-
Уапсени тројца дилери во Скопје, пронајдена марихуана
-
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор