Ахмети: Заев лаже, сите знаат дека тој ме молеше мене, јас го направив премиер
Лидерот на ДУИ Али Ахмети во предизборен настап пред гостиварци рече дека цел свет знае дека тој бил клучниот фактор Зоран Заев, поранешниот премиер да ја добие таа функција.
– Јас не сум политичар кој што тоа што го зборува на сабајле не го кажува навечер. Тој и се предомислува, зошто го познавам, но не прави добро затоа што така ги иритира Албанците, го стеснува просторот за партнерство. Јас сакам да победат затоа што сме ги почнале овие работи кои не се лоши, но со тоа што го прави тој го стеснува просторот за комуникација и на заедничко делување – рече вчера Али Ахмети од Гостивар.
Ахмети му порача на Заев дека му ги знае сите слабости, но тој не е како него да зборува јавно, тоа не е машки, рече Ахмети и додаде дека Заев го молел за да го направи премиер.
– Не ми личи мене да излезам и да зборувам за неговите слабости. Тоа не е машки, секако во текот на некое партнерство, комуникација, соработка за овие 20 години јас знам слабости и доблести за сите. Не е машки да се зборува. Тоа е затворено поглавје, завршена приказна. И тој лаже, сите знаат дека тој ме молеше мене и јас го направив премиер. Ова е вистината, целиот свет ја знае – додаде лидерот на ДУИ.
Тој на собирот додаде дека и претседателот на државата Стево Пендаровски ја има таа функција, благодарение на ДУИ.
– И овој претседател, за кој со целото срце се ангажиравме, беше и пред пет години кандидат, но изгуби. После пет години се обединивме и тој победи и јас му посакувам успех и здравје за да работи за доброто на граѓаните. Но, што ги вознемирува и што им предизвикува таква паника кандидатот за премиер, никогаш не би ми паднало на памент. Сите во паника се исплашени дека ќе ја земеме државата. Нема како да ја земеме, тука ќе биде државата – порача Ахмети.
Ново на Сител
-
Трамп повика на средба меѓу Украина и Русија во Турција оваа недела
-
ПМФЛ: Вардар го доби Работнички во градското дерби
-
Македонија ја совлада Литванија и се пласираше на ЕП 2026
-
Куче врзано за кола и влечено во Крива Паланка
-
Малолетничка пријавила дека доктор ја допирал по телото на клиниката „Мајка Тереза“
-
Папата Лав Четиринаесетти ги повика светските сили да ги прекинат сите војни
-
Мицкоски: Следната недела ќе имаме завршна средба со Таравари, Владата е стабилна и фокусирана на проекти
-
Вандали ја саботирале електричната инсталација во штипската модуларна болница