Адеми: Наскоро ќе известиме за учебниците и ќе има пријатно изненадување
Сите челници во општеството, а особено носителите на јавни и политички функции своите активности треба да ги усогласат со стратешките цели - членството на нашата земја во НАТО и ЕУ, рече министерот за образование и наука Арбер Адеми одговарајќи на новинарско прашање за измени во учебниците по историја и во други учебници откако се постигнати договори со Грција и Бугарија.
- Ниту јас како министер, ниту кој било треба да дозволи во овој историски момент да се креираат какви било тензии. Планираме во текот на август да известиме за учебниците и нивниот квалитет и ќе има пријатно изненадување, рече Адеми на прес-конференција за капиталните инвестиции во образованието.
Во однос на наставната програма по која основците ќе учат од септември, министерот одгвори дека останува она што го кажа неодамна - до донесување на новиот закон за основното образование, основците ќе учат по старите наставни програми. Тоа значи дека останува и Кембриџ-програмата од прво одделение.
- За нов пристап треба да бидеме целосно подготвени. Ние сме фокусирани кон Законот за основно образование. Согласно со консултациите со експертите, одиме кон тоа да има намалување на бројот на часовите, а секако ќе бидат рефлектирани и најавените реформи во основно образование. Целта ни е да имаме квалитеен закон за основно образование, додаде Адеми
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци